ДИСЛЕКСИЈАТА претставува потешкотија во читање, пишување како и разбирање на прочитаното и напишаното. Дислексијата во групата словенски јазици е достигнува од 10% до 15%. Светските статистики покажуваат дека 80% од учениците со слаб успех имаат дислексија. Ако овој поим ви звучи страшно, веднаш сакаме да ве охрабриме.

Луѓето со дислексија имаат просечена а поголем број од нив и над просечна интелигенција . Но тие не го сакаат читањето бидејќи не им е пријатно, нешто чудно се случува со буквите додека гледаат во нив. Често пати не го разбираат тоа што го прочитале па треба по неколку пати да се навратат на текстот кој го читаат.

Писмените работи и тестовите за учениците со дислексија се вистински кошмар. Но многумина тоа не го разбираат. На учениците со дислексија им е потребен поинаков пристап, разбирање и поинаков стил на учење. Затоа приклучете се во подигнувањето на јавната свест за дислексија во Република Македонија.

Наши пријатели: