Здружението на граѓани Иновативни Мотиватори – ЈАС СУМ / Innovation Motivators – IM во соработка со Здружение Дислексија Ајнштајн и Center for youth activism KRIK / КРИК ги повикува сите свои заинтересирани членови, и сите заинтересирани да се вклучат во креативната ликовна работилница за деца којашто ќе се одржи:

– на 16. Ноември во 18:30 часот
– во Младинскиот Културен Центар (МКЦ)
– со тема „Биди суперхерој!”
во пресрет на Светскиот ден на детето.

Работилницата ќе ја водат студенти од Факултетот за ликовна уметност во соработка со студенти по дефектологија.

Секој од малите суперхерои којшто ќе присуствува на оваа креативна работилница ќе има можност да биде дел од големата хуманитарна изложба којашто ќе се одржи на 20.11.2016 – Светскиот ден на детето, каде истите ќе учествуваат со своите изработки.

Задолжително понесете ја само Вашата позитивна енергија и приклучете се на нашето креативно дружење, да покажеме дека сите деца се наши суперхерои!

Повеќе информации на FACEBOOK

Superman color copic1