bulgeria-flag

ДИСЛЕКСИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

     Во Бугарија прв пат поимот дислексија се јавува во 1980 година. Првата дефиниција  е дадена од страна на професорот Матанова во 2001 година со што дислексијата се дефинира како : ”Дислексијата е генерална категорија на специфична потешкотија    во учењето која се забележува во седум области на функционирањето и   тоа – говорење, изразување, основни способности за читање, одбивност кон читањето, основни познавања за пишување, разбирање на пишаното, основни познавање на математиката, и математичкото размислување”. Првото здружение за дислексија е Здружението за Дислексија –Бугарија кое е основано во Русе во 2005 година. Во Бугарија постои бројка од 15 проценти од популацијата кои имаат дислексија, но во Бугарија не е превземано нешто во поглед на образованието на децата кои имаат дислексија. Не постои ниту пак некоја законска регулатива за дислексијата, а зборот дислексија неможе да се најде во ниту еден документ. Иако не постои некој правен документ во кои се впишани правата на овие деца и неможе да имаат бенифит и помош во учењето, сепак по завршување на Вето за дислексијата, 3 стручни училишта во Русе го добија називот dyslexia Friendly. Во овие училишта децата со дислексија имаат подолго време за решавање тестови, индивидуални консултации со професорите, помош при решавање на тестовите. Се прават напори за ваквите методи да се воведат во сите училишта во Бугарија со тоа што ке се донесе законска регулатива за истото.

rs-04

ДИСЛЕКСИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СРБИЈА

Дефиницијата која е прифатена кај нашиот северен сосед  е “Дислексијата преставуа пореметување во учењето и читањето и покрај нормалната интелегенција, добриот вид и слух и адекватната мотивација”. Првото српско здружение за дислексија е формирано 2010 година и од тогаш активно работи со цел подигнување на јавната свест за дислексијата која сеуште е на ниско ниво. Не  постојат посебни законски регулативи во Србија, но на седницата на Сенатот на Универзитетот во Белград која е одржана на ден 22.10.2010 година усвоен е предлогот на Проф-Д-р Славица Голубовиќ и за прв пат во историјата на Универзитетот во Србиаја донесен е документ за политика на Универзитетот во однос на студентите со дислекссија каде се регулирани правата и поддршката за студирање на студентите со дислексија.

Документот содржи:

  • Што претавува дислексијата
  • Карактеристики на дислексијата
  • Како се врши проценека кој студент има дислексија
  • Проблеми со кои се среќаваат
  • Како да има се помоге на студентите
  • Начин на оценување на нивната писмена работа
  • Усното испрашување на кој начин се оценува
  • Продолжување на рокови за овие студенти
  • Право на жалба на студентите
  • Олеснување на студентите при писмено тестирање

CROA0003

 ДИСЛЕКСИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

Не постои официјална владина дефиниција за дислексијата. Во пракса прифатена е дефиницијата од Британската Асоцијација за дислексија-BDA “Дислексијата претставува потешкотија која примарно влијае на вештините за читање и пишување”. Првото здружение за дислексија е формирано во Загреб 1992 година. Во Хрватска дислексијата  ја има во законската регулатива но не доволно јасно и концизно.

Предлог закон за изедначување на паравата на студентите до дислексија

index

ДИСЛЕКСИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА

Во последните 20 години Грчкиот Образовен систем започна да обрнува се поголемо внимание на децата кои имаат дислексија. образовниот ситем во грција внимава на специгфичните потреби кои ги имаат децата со дислексија, па со таа цел во основните училишта на оваа категорија на деца им е обезбедена помош односно лица со чија помош ќе ги надминат потешкотиите кои има тастануваат поради дислексијата. Во Грција постојат околу 700 класови кои се специјализирани и се само за деца со дислексија.