Повеќето дислексичари ќе покажуваат барем 10 од следниве особини и однесувања. Овие карактеристики може да се разликуваат од ден-за-ден или минута до минута. Најпостојано нешто за дислексичарите е нивната непостојаност.

Општи карактеристики

  • Изгледаат бистри, високо интелигентни, и артикулирани но не можат да читаат, пишуваат, или читаат и пишуваат несоодветно за возраста.
  • Етикетирани се како мрзливи, незаинтересирани, безгрижни, незрели, “не се труди доволно”, “има проблематично однесување”
  • Не се “ доволно лоши со учењето“ за да се согледа дека им е потребна дополнителна помош.
  • Имаат висок IQ, кој најчесто не може да се покаже на тестови.
  • Се чувствуваат безвредни и глупави и имаат слаба самодоверба; ги кријат или прикриваат слабостите со генијални стратегии поради што нивните тешкотии ретко кој може да ги забележи.
  • Лесно да се нервираат и емотивно реагираат во училиштето при читање или тестирање.
  • Талентирани во уметност, драма, музика, спорт, механика, раскажување, продажба, бизнис, проектирање, изградба, или инженеринг.
  • Се чини дека “не се присутни” и мечтаењето е многу често.
  • Тешкотии со одржување на внимание; се чини дека “хипер” или “daydreamer”.
  • Најдобро учат преку активности во кои се вклучени со свое делување, демонстрации, експериментирање, набљудување и визуелни помагала.

Визуелни способности, читање и правопис

  • Се жали на вртоглавица, главоболки или болки во стомакот за време на читањето.
  • Збунети се од букви, броеви, зборови, секвенци, или усно објаснување.
  • При читање или пишување се појавуваат: повторувања, дополнувања, преместувања, испуштање на букви или броеви, заменување на една буква со друга, превртување на букви, бројки и / или зборови.
  • Се жалат дека имаат чувство на движење кое не постои за време на читањето, пишувањето, или препишување.
  • Се чини дека имаат тешкотии со видот, но испитувањата на видот не покажуваат проблем.
  • Поседуваат силна свесност за опкружувањето и силна моќ за перцепција – забележуваат се околу себе.
  • Читаат и препрочитуваат со малку разбирање.

Слух и говорот

  • Лесно стануваат расеани од надворешни звуци.
  • Имаат екстремно изострен слух и можат да слушаат звуци кои другите вообичаено не можат да ги слушнат.
  • Тешкотии со ставањето на мислите во зборови;
  • Зборуваат со запирање и најчесто употребуваат фрази;
  • Не ги довршуваат речениците кога зборуваат;
  • Може да пелтечат под стрес;
  • Не можат да изговорат долги зборови,
  • Ги заменуваат фразите, зборовите и слоговите кога зборуваат.

Пишување и моторни вештини

  • Имаат тешкотии со пишување или препишување.
  • Моливот необично го држат.
  • Ракопис е непостојан или е неразбирлив.
  • Може да изгледаат “трапави” и некоординирани.
  • Тешко се снаоѓаат во спортови со топка.
  • Подложни се на болки при движење.
  • Може да бидат амбидекстер односно подеднакво да работат со левата и десната рака.
  • Често се збунуваат за насоки лево- десно или положби под-над, од-до,напред –назад, пред-потоа

Математика и управување со времето

  • Имаат тешкотии со кажување на време како и со управување со времето,
  • Тешкотии со учење последователни информации или задачи
  • Покажуваат зависност броење на прсти и применуваат други трикови несоодветно за возраста;
  • Може да ги знае одговорите, но не може да го претстави проблемот на хартија.
  • Може да пресметува а сепак да има потешкотии при броење на предмети или пари.
  • Може да не ги разбира основните математички концепти – собирање, одземање, множење и делење.

Меморијата и способноста за учење

  • Имаат одлична долгорочна меморија за искуствата, локации и лица.
  • Слаба меморија за секвенци, факти и информации кои не се искусни.
  • Мисли првенствено со слики и чувства, а не со звуци или зборови (имаат многу малку внатрешниот дијалог).

Однесување, здравје и развој и личноста

  • Исклучително неуредни или компулсивно уредени.
  • Може да бидат одделенски кловн, екстремно проблематични, или премногу тивки.
  • Може да имаат невообичаено рана или доцна фаза на развој (зборување, ползење, одење, врзување чевли).
  • Подложни на инфекции на увото; чувствителни на храна, адитиви и хемиски производи.
  • Може да има неконтролирано мокрење несоодветно за возраста.
  • Имаат невообичаено висока или ниска толеранција за болка ( две крајности).
  • Имаат силно чувство за правда; емоционално чувствителни; се стремат кон совршенство.
  • Грешките и симптомите на збунетост драстично се зголемуваат при ограничување на времето за одредена активност, емоционален стрес, или лоша здравствена состојба.

Дислексичните деца и возрасни може да стане страствени и ентузијастички читателите кога ќе им се дадат алатки за учење кои се вклопуваат во нивниот креативни стил на учење.

Пишува : Славица Николовска – Лиценциран тренер за корекција на дислексија, дисграфија, дискалкулиј и АДХД/АДД по методот ма Рон Дејвис