Откривањето на дислексијата и развојот на третмани за нејзино третирање започнува во доцниот 19ти век.

Во 1878 година германскиот физичар д-р. Кусмал подучувал човек кој не бил способен да чита. Човекот имал нормална интелигенција и имал адекватни образовни инструкции. Д-р. Кусмал го опишал неговиот проблем како слепило за читање. Неколку години подоцна  во 1887, германскиот офталмолог Рудолф Берлин ваквата состојба ја опишал како дислексија што потекнува од грчките зборови dys (слаб, лош, непримерен) и lexis (јазик, збор). Оттогаш, па се до денес терминот дислексија е синоним за потешкотии во читањето.

Adolf-Kussmaul

Во 1925 година американскиот невролог д-р. Семјуел Ортон ја предложил првата теорија за тоа како произлегуваат потешкотиите при читањето. Како причина за ова тој нагласува доминацијата на едната страна на мозокот. Стратегиите кој тој ги развил за време на неговите истражувања денес се сеуште во употреба.

Бројни форми на специфични потешкотии при учењето биле развиени во овој период, но вистински била препознаена во 1939 година кога д-р. Алфред Штрус и Хајнц Вернер ги публикувале нивните сознанија за деца со широк спектар на потешкотии во учењето. Нивната работа нагласува варијации на овој проблем и ја нагласува потребата од индивидуална проценка на образовните потреби за секое дете.

До средината на 20-от век, дислексијата била во надлежност на медицината, но после бројните истражувања, надлежноста за дислексијата се трансформира во образовната сфера. Од тогаш почнале да се развиваат специфични едукативни стратегии и методи за подучување на децата со потешкотии во учењето.