Дислексијата не е ретка појава и има невролошко потекло.  Дислексијата во земјите од словенското  говорно подрачје се движи од 10% до 15% од вкупното население, додека во земјите од анлиското говорно подрачје ,поради големите разлики помеѓу говорот и писмото нејзината застапеност достигнува и до 30% од вкупното население. Во Кина и Јапонија каде што се употребува сликовитото писмо кое се обработува со десната страна за мозокот , само 1% од населнието има дислексија.

Дислексијата претставува една од неколкуте потешкотии во учењето, потешкотија која е поврзана со читањето и пишувањето. Таа не претставува болест и не се лечи. Дислексијата не е резултат на намалена интелегенција ниту пак претставува проблем со однесувањето и мотивацијата. Дислексијата најчесто е пропратена со високо ниво на интелегенција.

Дислексијата е позастапена кај меѓу мажите отколку кај жените. Најчесто цитирани соодноси се меѓу 3:1 и 5:1. Истражувањата покажуваат дека во најмалку две-третини од случаите дислексијата има генетски причинител, но ова не е научно докажано. Во возрасното доба, многу дислектичари ќе развијат софистицирани компензаторни стратегии кои можат да ги маскираат нивните тешкотии.

Голем дел од родителите често го губат трпението при читањето и пишувањето со своите деца, сметајќи  дека детето е мрзеливо, сеуште несозреано  или пак глупаво.

Видливи знаци на дислексија :

  • Тешкотии при читање
  • Тешкотии при пишување
  • Неуреден ракопис
  • Тешкотија во пронаоѓањето на примарното значење на зборот
  • Тешкотии во разбирање на текстот
  • Тешкотии при изразувањето на мислите во пишана форма
  • Забуни во ориентацијата лево-десно, горе-доле
  • Непрецизно и погрешно повторување на слушнатото
  • Тешкотии при гледањето на саат

На тешкотиите во читањето и пишувањето влијаат разни психички и социјални чинители, а понекогаш и успореното созравање на детето. Кај ученииците со потешкотии во читањето и пишувањето доминантно е развиена едната хемисфера на мозокот односно десната.

Доколку на ученик без потешкотии во учењето за расчленувањето на целините во одделни мали делови му се потребни 2  месеца , на ученикот со потешкотии во учењето ќе му бидат потребни 4 до 5 месеци.

Кај некои деца со потешкотии во читањето и пишувањето можна е појава на проблеми при расчленувањето на зборовите во гласови/фонеми и нивно спојување.  Колку што е важно расчленувањето на зборовите во гласови и букви за стекнување на вештината за пишување, толку е важно и спојувањето на гласовите или буквите во еден збор за развивање на вештината за читање.

Карактеристични грешки во читањето и пишувањето

Тешкотиите во учењето најчесто се поврзани со тешкотиите во пишувањето и читањето. Покрај наведените, многу често се јавуваат и тешкотии при ориентацијата во простор. Меѓутоа не треба при најмали прички во читањето и пишувањето веднаш да се сомневаме на дислексија. При проценката на дислексијата многу е важно да се следат подолг период пречките кои се јавуваат и дали истите се повторуваат подолг период

  • Неможност за поврзување на гласот со буквата
  • Потешкотии во поврзувањето на буквите во реченицата
  • Структурни грешки т.е промена на редоследнот на буквите во зборот
  • Заменување на букви кои се графички или фонетски слични
  • Изоставување на букви во зборовите или пак изоставување на цели зборови при пишување
  • Заменување на зборови или нагаѓање на зборви при прочитани први букви од зборот.
  • Проблем со читањето на зборови со кои прв пат се сретнува
  • Тешкотии во следењето на правецот на читање
  • Губење во редовите додека чита
  • Изиставување на радови додека се чита
  • Неуедначен ракопис

Битно е да се нагласи дека има деца кои многу успешно знаат да ги прикријат овие потешкотии.