Здружението за дислексија АЈНШТАЈН објавува повик за волонтери за претстојниот настан “Шарени умови Vol.2”.

Ако ги сакаш децата и сакаш да им ги по.кажеш веќе заборавените игри кои го одбележаа нашето детство како брканица, скокање во вреќи, влечење со јаже и слични, тогаш волонтиран на Шарени умови Vol.2

Не е важно кој/а си, што си и каков/ва си, важно е да ги сакаш децата, да сакаш запознаеш нови луѓе и да сакаш да си поминеш убаво и да се забавуваш.

Ако бидеш волонтер, ќе ни помогнеш во организацијата на целиот настан, координирање на сите игри, ќе бидеш судија и одлично ќе се забавуваш/

Ако си заинтересиран/а за гореспоменатото пријави се на следниот линк https://form.jotformeu.com/81655446278366

Настанот “Шарени умови vol. 2” е дел од неделата на граѓански организации поддржана од проектот на УСАИД за граѓанско учество – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност.

Истиот има за цел подигнување на свеста за штетното влијание од прекумерното користење на современите технологии врз развојот на децата преку игра и забава во природа.

Настанот ќе се одржи на 22-ри јуни со почеток во 18 часот и 30 минути на Школка во Градскиот парк.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ