Октомври во светски рамки е месец за подигнување на јавната свест за постоењето на дислексијата. Токму затоа по тој повод ја подготвивме кампањата “Различни но моќни- тоа сме ние”.

Целта на самата кампања е подигнување на јавната свест за дислексијата во Република Македонија со фокус на наставниците како едни од главните чинители на образовниот процес кај децата.

Кампањата е во режија на trajanovskiway , а во неа учествуваат:
Симон Николовски
Ангелина Краљевски
Ина Зунзуровска
Мартин Ѓoрѓиевски
Лука Бибовски
Јован Кацарски

Погледнете го видеото и уживајте