Фокусирана сум на мојата девет годишна ќерка со дислексија со години. Од кога откривме дека има проблем со читањето, јас поминав долго време, едуцирајќи се.

Се случува вака:

Буквите се измешани. Часовникот одбројува. Не можеш да ги прочиташ зборовите. Веднаш си под стрес.

Пробуваш да ги ставиш зборовите во контекст со читање на целата реченица, но не можеш. Мораш да ги декодираш. Но, додека не ги замениш буквите, не можеш да ги откриеш зборовите. Многу е тешко да најдеш кои букви се заменети.

Колку повеќе се фрустрираш, толку повеќе сакаш да се откажеш. Дали вреди да губам време на читањето? Што се обидуваат да кажат зборовите? Која е поентата? Имајте на ум дека е само вежба од седумдесет и пет секунди. А јас немам девет години. Тоа ме погоди. Вака и е на ќерка ми секој пат кога чита.

Не ме чудат солзите, за оправдувањата и бесот кога ја терав да чита и да ја пишува својата домашна задача. Не ме чуди тоа што колку што го сака нејзиниот наставник, толку е комплетно изморена на крајот на секоја ;as.

Не ме чуди тоа што плаче и не сака да оди во училиште. Не ме чуди тоа што се чувствува засрамено и има проблем со наоѓање другарчиња.

За мојата ќерка, тоа што е разбрана, значи дека ја има шансата да ги оствари своите цели, и големите и малите. Колку повеќе разбирам за тоа како е “да се биде во нејзина кожа”, толку повеќе можам да и помогнам да го оствари својот успех.

P.T