На 29-ти Април успешно се реализираше семинаорт “Дислексија, пристап, форми и методи” во градот под Исарот Штип.
Ви благодариме на сите за вашето присуство и интерес бидејќи без вас нема да можеме да ја оствариме нашата визија, односно создавање на општество кое ќе има капацитет да ги исполни сите барања и потреби на лицата со дислексија. Голема благодарност до сите стручни предавачи на семинарот и до Филолошкиот Факултет при Универзитетот Гоце Делчев – Штип за дадената поддршка.
Искрено се надеваме дека се стекнавте со нови познавања и начини како да постапувате со лицата кои имаат дислексија.
ДО СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ
Со почит
Тимот на Здружение за дислексија АЈНШТАЈН