Драги пријатели,
 
На наше големо задоволство ве каниме на настанот “Шарени умови vol. 2”, каде што ќе може сите заедно одлично да се забавуваме и дружиме со нашите најмили.
Бидете кај споменикот на Гоце Делчев во Градски парк на 22-ри јуни во 18:30 часот, сите заедно да играме криенка, плочка, брканица, да цртаме, да се влечеме со јаже, да скокаме во вреќи, да се натпреваруваме и да ја развиваме креативноста кај нашите децата.
 
Да ги оставиме таблетите и смарт телефоните барем за момент и да им покажеме на нашите најмили што значи вистинско детство.
 
Ве очекуваат многу забава, подароци и изненадувања.
 
Настанот “Шарени умови vol. 2” е дел од неделата на граѓански организации поддржана од проектот на УСАИД за граѓанско учество – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност.
 
Се гледаме!
Срдечно,
Тимот на Здружение за дислексија АЈНШТАЈН