Што претставува дислексијата

Дислексијата е состојба при која мозокот различно ги процесира пишаниот или говорниот јазик.

Во САД дислексијата е честа појава. На пример во САД околу 17% од децата на школска возраст имаат дислексија.´Во групата на словенски јазици како потранспарентни дислексијата достигнува 10-15%

Постојат повеќе дефиниции за дислексија но наједноставната е дека тоа е состојба при која мозокот различно ги процесира говорниот и пишаниот јазик. Дислексијата примарно се поврзува со тешкотии во читањето но таа може да го погоди и пишувањето, спелувањето и понекогаш и говорот. Лицата со дислексија можат да ги разберат омплексните идеи но нив им е потребно повеќе време за анализа на поединените информации и детали. Кај нив мисловниот процес тргнува од големата слика односно суштината и потоа оди назад кон деталите, за разлика од останатите кои тргнуваат од анализа на деталите и потоа стигнуваат до суштината. Од овде јасно се гледа дека за подучување на дислексичните ученици потребен е поинаков пристап или поинаков стил на пренесување на информациите.

Поради тешкотите со читањето лицата со дислексија може да имаат проблем и со :

  1. Остварување на социјални врски поради чувството на инфериорност во однос на врсниците
  2. Разбирање на говорниот јазик, следење на разговори, предавања, инструкции од причини што тешко може да го филтрираат односно да го одвојат она што треба да го слушнат од останатите звуци кои се во позадина. Особено им пречи врева за да разберат што им се зборува.
  3. Присуството на дислексијата може да влијае на меморијата. Поради големиот напор што го вложуваат при читањето, многу лесно можат да заборават што прочитале претходно. Ова на крајот резултира со не разбирање на прочитаното.