Психолог, семеен и системски советник

Јана Димитриевска е дипломиран психолог при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и долгогодишен работник во единственото Здружението за дислексија Ајнштајн. Својата љубов и ентузијазам кон психологијата ја има насочено низ правец во психотерапијата.

Во 2020 година се стекнува со сертификат за семеен и системски советник од европски сертифицирана Школа за системска семејна психотерапија во Македонија (Институт за брак, семејство и системска пракса Алтернатива). Се уште е во едукација кон стекнување на сертификат за психотерапевт.

Ја проучува човековата психологија 10 години и работела на повеќе специфични проекти наменети за: деца и млади лица со дислексија, психоедукација на адолесценти и млади лица со потешкотии во учењето и проблеми во однесувањето, анти-булинг програми (програми за врсничко насилство), поседува големи вештини за работа со деца со потешкотии во учењето и однесувањето како и добро познавање на креирање на едукативни програми за деца.

Јана е проектен асистент и менаџер на повеќе проекти за инклузија на ученици со дислексија, работа со млади лица низ подготовка на работилници и кампањи за против говор на омраза. Има работено на еден од најголемите проекти каде што се изработи онлајн платформа “E-learning за дислексија” за обучување на наставниот кадар за дислексија.

Во здружението Ајнштајн е задолжена за координација и организација на проекти, комуникација со клиенти низ формална и неформална мрежа на контакти како и организирање на тренинзи за обука на возрасни и млади лица.