Драги пријатели, нашите партнери Иновативни Мотиватори ве покануваат на уште една голема средба!

Ајде да шириме љубов, да ги прославиме различностите и да го направиме првиот чекор против меѓуврсничкото насилство (булингот)!

САБОТА – 6ти МАЈ – Градски парк (ШКОЛКА) – 12.30ч.

Ќе не забавуваат музички бендови од повеќе средни училишта од Скопје, ќе цртаме/боиме или ќе учиме да изработуваме накит со креативните работилници, ќе танцуваме, ќе снимаме и сликаме во забавниот photo booth и уште многу изненадувања!

Со овој настан започнува нашата кампања „Јас Сум Промената“ за подигнување на свеста во однос на анти-булингот, а целиот настан е по повод одбележување на Светскиот ден против меѓуврсничкото насилство (булингот) 4ти Мај.

Придружете ни се во нашата мисија за промовирање на прифаќање, љубов и бодрење на различностите помеѓу нас!

*Доколку поседувате розеви или сини маици понесете ги за да се обоиме во боите на анти-булингот!

Кампањата “Јас Сум Промената” ја спроведува Здружението Иновативни мотиватори ЈАС СУМ со поддршка на Здружение за дислексија АЈНШТАЈН , Волонтерски Центар Скопје , NewMan’s Business Accelerator и Субверзивен Фронт / Subversive Front

Се гледаме на ШКОЛКА! 🙂