Тешко е да се разбере нели?

Доколку не сте еден од оние 10 до 15 проценти од популацијата што има дислексија тогаш е многу потешко да разберете.

Лесно е да се помисли на ова како некој вид на измама.На тоа дека ако овие луѓе само малку поработат на себе и се потрудат малку повеќе би можеле да го поминат проблемот. Меѓутоа тоа не е вистината.

Животот всушност е многу  тежок за луѓето со дислексија.Тие поседуваатг брилијатни умови само имаат потешкотија да се фокусираат.

Дислексијата е дарба-дарба за способност да се гледаат нештата од повеќе различни перспективи истовремено. Самата дарба доаѓа и со еден вид на клетва која се однесува на тоа дека има збунетост при приоретизирање или наоѓање логика во сите тие перспективи.

Дислектичарите можат да бидат луѓе со кои е тешко да се живее или пак да се покажуваат чувства како љубов,поради тоа што нивниот мозок работи на поразличен начин од нашиот. Дури и ако се заљубите во личност која има дислексија самиот живот од ден на ден со таа личност може да ве полуди. Причини за ова може да се најдат во нивните навики да забораваат работи или пак да мислат дека кажале или направиле работи кои  всушност не ги направиле, исто така знаат да бидат доста хаотичнии неорганизирани како и помалку социјално свесни во однос на другите.

Најдоброто нешто кое може да го направите е да научите нешто повеќе за дислексијата со цел да развиете подобро разбирање и чуство за оваа состојба.

Еве еден мал приказ на тоа како работат нивните умови:

  1. Се соочуваат со животни предизвици

Дислексијата е многу повеќе од само тешкотија при пишување,читање или употреба на бројки.Тие го гледаат светот на комплетно различен начин,комуницираат поинаку и имаат потешкотии при организација.

  1. Може да делуваат чудно

И покрај нивната интелигенција и поради тоа што може да гледаат од повеќе перспективи истовремено можно е да делуваат незаинтересирани при разговор. Постои можност да дојдат до чудни идеи поради недостаток да испитаат дали нивните мисли се соодветни за разговор. Можно е да делуваат и помалку чудно поради тоа што најчесто се несвесни за општествените правила.

  1. Деталите ги заморуваат

Бидејќи нивниот мозок е помалку ефикасен кога се работи за обработка на букви или звуци што значи дека тој треба да работи многу понапорно. Па токму затоа времето поминато во фокусирање на детали за нив е исцрпувачко.

  1. Функционираат различно во различни денови

Некои денови фукционираат подобро од останатите и може да се чини како да покажуваат знаци на подобрување, додека други денови може да изгледа многу полошо од вообичаено што значи дека нема правила и нема некоја одредена шема на функционирање и однесување.

  1. Многу се креативни

Способноста да го гледаат светот од повеќе агли ги прави доста креативни. Може да дојдат до исклучително креативни идеи, делумно поради тоа што не се ограничени со законите на физиката, математичката логика или невозможното.

  1. Гледаат работи кои останатите не можат да ги видат

Како што се зборовите кои се движат на страницата дури и надвор од неа, или превртени букви. Знаете ли колку предизвикувачки би било да читате книга која е исполнета со превртени реченици, недостаток на букви или зборови кои излегуваат од страниците. Или пак како читање преку лупа која ја држи дете и постојано ја поместува и мрда.

  1. Вчудоневидени се од нештата кои ги гледаат

Тие можат да забележат толку многу можности за одредена работа па оттаму нивните мисли често стануваат измешани и конфзуни. Тешко е да се се сортираат толку многу информации и да се процесира сето тоа со издвојување на она што е најважно и она што е прикладно. Без способноста за филтрирање на одредени информации и мисли оваа дарба прераснува во трагична и конфузна пречка.

  1. Склони се кон појава и на ADD-недостаток на внимание

Околу 40% од дислектичарите имаат и ADD додека пак околу 60 % од личностите со ADD имаат дислексија.

  1. Понекогаш можат мислите да ги доживуваат како реалност

Често знаат да бидат убедени дека ви кажале нешто, што всушност не ви кажале или пак да веруваат дека вие не сте им кажале нешто, што всушност сте им го кажале. Исто така знаат да се изразуваат на толку уникатен начин што нивната порака нема да има некоја вистинска смисла или поврзаност. И не го разбираат оној дел дека токму таквата  нивна комуникација е дел од дислексијата.

  1. Можно е да не се свесни дека имаат дислексија

Според некои истражувања дислексијата не мора да биде дијагностицирана или препознаена се до зрели години. Ова е една од причините зошто е тешко да се утврди колку од луѓето страдаат од дислексија, па токму затоа на жалост луѓето кај кои не е дијагностицирана се етикетирани како “мрзеливи” и “глупави”.

  1. Размислуваат со слики наместо со зборови

Без никакво изненадување имаат тенденција да имаат високо развиена визуелизација на нештата па ја користат оваа визуелна помош за да ги планираат и организираат нивните животи. Наместо користење на разговор со сам себе, дислектичарите користат потсвесни процеси на мислење и поголемиот дел од нив не се ни свесни дека го прават тоа.

  1. Секогаш ќе имаат дислексија

Тие можат да научат да читаат и да пишуваат меѓутоа секогаш ќе имаат дислексија. За да им се олесни животот започнати се процеси на изработка на посебен фонт и речник. Каде што фонтот ќе биде дизајниран да се избегне било каква конфузија и да се добие поголема прегледност, додека пак во речникот ќе се даде особено внимание на значењето на зборовите наместо на нивниот редослед во буквите.

  1. Тие го користат мозокот различно

Нивниот мозок помалку ја користи левата хемисфера која е задолжена за делот со читање, и мостот составен од ткиво кој ја поврзува едната страна на мозокот со другата. Така што нивниот мозок не секогаш ги испраќа информациите на вистинското место за процесирање. Дислексичарите најчесто имаат поразвиена десна хемисфера.

  1. Најверојатно е наследна

Дислексијата најчесто е наследна и повеќето дислектичари имаат тетка,чичко или родител со дислексија.

  1. Најчесто имаат ниска самодоверба

Луѓето со дислексија се со исто ниво на интелигенција како и останатите, но тие се исто така свесни дека останатите знаат да читаат и да пишуваат далеку подобро од нив, па затоа не ретко се чувствуваат глупаво споредено со другите.

Како што рекол Ајнштајн:

“Сите се генијалци. Меѓутоа дури и ако и судиш на една риба според нејзината способност да се искачи на дрво, таа цел живот ќе мисли дека е глупава.’’

  1. Имаат различни симпотми

Дислексијата е малку специфична проблематика бидејќи никогаш двајца дислектичари нема да ги имаат поптолно истите симптоми.Некои губат работи или имаат слаби организациски способности. Други се бавни при читање или имаат слаби вештини при разбирање. Трета група имаат потешкотија при организирање на идеите за составување на некој текст,или имаат тешкотија при процесирање на аудитивни информации.Сосема други имаат проблем при поделба на деновите во неделата или месеците во годината.

  1. Полни се со контрадикторности

Можат да бидат целосно свесни за својата околина, а да делуваат изгубено. Може да распознаат и прочитаат одреден збор на една страна, а на следната веќе да не можат да го препознаат истиот. Нивните мозоци најчесто работат многу брзо, но делуваат како да се бавни поради филтрирањето на сите можности кои само тие имаат способност да ги видат.

  1. Имаат одлични вештини

Дислектичарите многу често се доста добри во проценка на другите луѓе, и имаат фантастична меморија на која се потпираат доста често. Знаат да бидат многу добри оратори и да имаат талент за проценка на простор(како што се архитекти, инжинери,артисти и др.). Имаат високо ниво на интелигенција и интуиција, како и  бујна фантазија.

  1. Знаат да бидат неверојатно успешни

Оваа успешност произлегува токму од дислексијата.Во дел од познати личности со дислексија спаѓаат Вупи Голдберг, Џеј Лено, Шер, Стив Џобс, Леонардо да Винчи,Т оми Хилфигер, Пабло Пикасо и многу други.

  1. Можат да го променат светот

Луѓето со дислексија можат и го имаат променето светот во кој живееме.Дислектичари како Џорџ Вашингтон, Хенри Форд и Стивен Спилберг го имаат променето и се уште го менуваат овој свет.

Овие луѓе се љубезни,креативни и високо интелигентни суштества кои се исфрустрирани од своите неспособности исто како и ние, меѓутоа не можат да “земат здив” од начинот на кој работи нивниот мозок. Наместо тоа бараат поддршка од нивните најблиски за да им помогнат да го разберат светот и да функционираат во истиот кој што не е прилагоден на нивните потреби.

Да, знаат да бидат понекогаш тешки за сакање, но тие имаат дарба која е неверојатна, уникатна и може да го промени светот.

Со ваша помош можеби личноста која ја сакате ќе донесе промена од светски размери!!!