Како да го заштитите вашето ментално здравје во време на пандемија

Како да го заштитите вашето ментално здравје во време на пандемија

Пандемијата предизвикана од коронавирусот му нанесе штета на менталното здравје на милиони луѓе ширум светот. За многу луѓе беше предизвик да се прилагодат на новите реални ситуации: работење од дома, привремена невработеност, домашно школување на децата, недостатокот на физичкиот контакт со другите членови од семејството и блиските луѓе и секако да не го занемариме стресот од управување на страв од заразување на вирусот како и грижата за луѓето блиски до нас.

Емоцоналните симптоми предизвикани поради пандемијата знаат да се појават како на индивидуално така и на колективно ниво, преку предизвикување на загриженост, стрес, депресивно однесување, раздразливост, несоница, страв, конфузија, лутина, фрустрација итн….

Тековната невработеност или загубата на претходните приходи предизвикана од економските последици на пандемијата може да влијае и на долгорочната благосостојба на човекот. Бројни студии ги поврзуваат овие фактори со депресија, стрес или вознемиреност. Стресот да се живее со Ковид-19 веројатно ќе има поголем ментален данок врз оние кои имале стресни животни искуства во минатото. Пандемијата некогаш знае да предизвика несвесно активирање на меморијата на траумата што може да влијае врз психичкото здравје.

Здрави начини и совети да се справите со стресот предизвикан од пандемијата на ковид-19:

  • Доколку сте загрижени за вирусот контактирајте здравствен работник пред да започнете со третманите за да добиете дополнителни информации во врска со постоечкиот вирус.
  • При зголемена потреба на поддршка, советување или терапија контактирајте стручно лице: психолог, психотерапевт, психијатар или советник кој ќе ви помогне во справувањето со стресната ситуација.
  • Грижете се за вашето емоционално здравје. Грижата за вашето емоционално здравје ќе ви помогне да размислите јасно и да реагирате на итната потреба за да се заштитите себеси од несакани ризик фактори.
  • Одморете се од гледање, читање или слушање вести, вклучително и оние на социјалните мрежи. Постојаното слушање на информации за пандемијата може да биде вознемирувачко.
  • Грижете се за вашето физичко здравје. Длабоките дишења, пешачењето, истегнувањето и други техники помагат при смирување на нервниот систем.
  • Обидете се да јадете здрави и добро балансирани оброци.
  • Избегнувајте прекумерна употреба на алкохол и тутун.
  • Обидете се да правите активности во кои уживате.
  • Поврзете се со други луѓе. Разговарајте со луѓе со кои се чувствувате пријатно за да им ги соопштите вашите грижи. Разбирањето на ризикот за себе и луѓето за кои се грижите може да ви помогне да се поврзете со други и да ја направите епидемијата помалку стресна.
  • Грижете се за вашето ментално здравје. Менталното здравје е важен дел од целокупното здравје и благосостојбата. Влијае на тоа како размислуваме, што чувствуваме и како постапуваме низ секојдневните ситуации. Исто така, може да влијае на тоа како се справуваме со стресот, како се поврзуваме со другите и како правиме избори за време на итен случај кој бара брзи реакции.

Доколку сметате дека ви е потребна психолошка подршка при справување со стресот закажете го вашиот термин на 075 333 819.

damjanfinal21
Share
This