Прославивме 4 години постоење! Четири години неуморна посветеност, четири години актуелизирање и поддигнување на јавната свест за дислексијата – четири години од основањето на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Прославата на роденденот беше дел од третиот по ред Саем за невладини организации во организација на Волонтерски Центар Скопје. Ви ја пренесуваме роденденската атмосфера преку фотографии! Уживајте!