Здружението за дислексија АЈНШТАЈН и Здружението за потешкотии во учењето Дислексико со големо задоволство ви го најавуваат семинарот за ученици кои се соочуваат со хиперактивност или АДХД.

Семинарот ќе се одржи на ден 30.05.2020  година со почеток во 11 часот преку платформата ZOOM.

Предавач на семинарот ќе биде Г-ѓа Славица Тасевска Николовска единствениот лиценциран тренер за корекција на дислексија, дискалкулија, АДХД и АДД по светски познатиот метод  на Рон Дејвис во нашата држава.

Опис на предавањето:

👉           Каква состојба е  АДХД

👉           Основни карактеристики – невнимание, импулсивнст, хиперактивност

👉           Клучни недостатоци

👉           Каде е коренот на АДХД

👉           Долготрајна дезориентација и клучни животни лекции

👉           Стратегии за помош на деца со АДХД

👉 Четири карактеристики на АДХД во кои треба да се бара причината за неадекватно однесување и тешкотии вo учењето

–              Хиперактивност

–              Хипоактивност

–              Импулсивност

–              Невнимание

Семинарот за АДХД е наменет за наставници, специјални едукатори, логопеди, психолози, педагози, родители но и за заинтересирани граѓани.

Семинарот е во времетраење од  4 часа .

Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк https://forms.gle/YgDP5oYLhb48EABK9

Котизацијата за учество изнесува 599 денари од учесник, по завршување на семинарот сите учесници ќе добијат сертификат за учество.

Последен предвиден рок за пријавување на вашето учество е 28.05.2020 година.

👉 За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во било кое време на 078 296 885

 

👉 Со почит