Душата секогаш мисли во слики- Аристотел.

Арт терапија е форма на експресивна терапија при која се користат уметнички материјали. За основа ја има терапевтската улога при создавање на уметнички дела. Ги комбинира традиционалните психотерапевтски теории и техники со разбирање за психолошките аспекти на креативниот процес, посебно својствата и особините на различни материјали.Не постои возрасна граница за примена на арт терапија; може да се применува индивидуално, во парови, со семејства, групи и заедници. Преку создавањето уметност и рефлексиите за себе и другите, се менуваат когнитивните способности, радоста и уживањето, самопотврдувањето. Кај арт терапевтите се генерирале многу спесифични дефиниции што е арт терапија, но најмногу од нив сепак се определуваат за две категории.

 Првата го инволвира верувањето во исцелителната моќ на креативниот процес при создавање уметност.Овој приод ја опфаќа идејата дека процесот на уметничко творење е терапевтски.На него се гледа како на можност да се изрази сопствената фантазија автентично спонтано; искуството што може да доведе до лично исполнување, емоционална репарација и заздравување.

 Втората дефиниција се заснова на идејата дека уметноста е средство за симболичка комуникација. Ваквиот пристап помага при разрешување на комуникациските прашања, емоциите и конфликтите. Терапија доаѓа од грчкиот збор therapeia, што значи ,,да се внимава на”. Тоа значи, да се подвои процесот на арт терапија на две нивоа.

 а)терапевтот само присуствува на чинот на создавање уметничко дело. Ова лично водство е клуч за терапевтскиот процес.Ова неопходна поддржувачка врска го води лицето низ искуство во уметничкото творење и да му помогне да го пронајде значењето низ тој пат.

б) Друг важен аспект е следењето на индивидуата низ неговиот/нејзиниот личен       процес на уметничко творење и при тоа да им се даде на уметничките материјали лично значење – да се пронајде приказна, опис, значење. Сликата преставува врска помеѓу нашето свесно и несвесно, таа е несвесен план на акција, на она што го работиме или она што ќе го работиме.

Арт- терапијата е  терапија која го користи уметничкиот медиум како примарен начин на комуникација и ги комбинира различните креативни техники од ликовна, музичка, драмска терапија, терапија со движење, семејна терапија итн.Во арт- терапијата не се користи само една метода, туку постои голем број на различни пристапи и нивни комбинации. Арт- терапијата како креативен процес се користи за унапредување на менталното, физичкото, емоционалното здравје.

Истата се применува кај деца, адолесценти возрасни лица. Арт терапијата се користиво третманина депресија, анксиозност и другиментални иемоционални проблеми и  пореметувања, потоа кај различни видови на зависности, семејни проблеми, насилство, насилство во семејството, кај социјални и емотивни проблеми поврзани со инвалидитет или некоја болест , кај различни трауми, физички, когнитивни и неуролошки проблеми, кај деца со посебни потреби,аутизам…….

Ефектите на арт терапијата кога се децата во прашање се многу значајни.Затоа се применува кај малолетни деликвенти,кај деца со моторни потешкотии, децаа на разведени родители….

Цел на арт терапевтот не е да го научи клиентот  да црта и слика туку низ овој облик на уметност треба да ги изрази своите чувства или да ги совлада проблемите.

Пишува: Јасмина Лукановска – Арт терапевт

Оваа статија е овозможена во рамки на проектот “Криенка VS. Таблет” кој го спроведува Здружението за дислексија АЈНШТАЈН, а истиот е поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија

Untitled                                                            FOOM logo new 2011-01