Почитувани,

Здружението за дислексија “АЈНШТАЈН” ја има честа да ве покани на конференцијата “Асистивна технологија за дислексија” која ќе се одржи на 10 мај 2019 година со почеток од 13 часот во Амфитеатарот 4 на Филозофскиот Факултет Скопје .
На конференцијата за прв пат во нашата држава ќе биде промовирана асистивна технологија за дислексија и ќе бидат промовирани лектирните изданија на книги прилагодени за учениците со дислексија од издавчката куќа Арс Ламина.

Свои обраќања на конференцијата ќе имаат:
Проф.др. Александра Каровска Ристовска – Институт за дефектологија при УКИМ
Г-дин Марјан Николовски – Сопственик на Emit Knowledge
М-р. Маја Филиповска – Институт за дефектологија при УКИМ
Г-ѓа Бранка Бугариска – Директор на издаваштво во Арс Ламина
Дамјан Николовски – Претседател Здружение за дислексија АЈНШТАЈН
Претставник на Филозофскиот Факултет Скопје

Заинтересираните страни своето присуство треба да го најават на следниот линк https://forms.gle/DYadq1yssTPZe7KX8 најдоцна до 09.05.2019 година.

Бројот на учесници е ограничен.

Конференцијата претставува завршна активност на проектот „Асистивна технологија за дислексија” финансиран од програмата за грантови на проектот „Промени за одржливост” финансиран од Европската Унија.
Проектот се спроведува од страна на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во партнерство со Emit Knowledge и Филозофскиот Факултет Скопје и поддршка од Арсламина.

Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

flag_yellow_low

Оваа статија е дел од проектот “Асистивна технологија за дислексија” финансиран од програмата за грантови на проектот „Промени за одржливост” финансиран од Европската Унија.
Проектот се спроведува од страна на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во партнерство со Emit Knowledge и Филозофскиот Факултет Скопје