Драги пријатели,
Конечно можеме да го започнеме летото, а и од се срце да Ви заблагодариме на сите што дојдовте и бевте дел од “Шарени умови Vol.2”. Детските насмевки и детската радост се нашето најголемо задоволство, а токму преку овој настан успеавме да предизвикаме многу радост и многу детски насмевки. Се надеваме дека за момент успеавме да ги оттргнеме децата од современата технологија и им ја покажеме вистинската детска игра. Голема благодарност до проектот на USAID Macedonia УСАИД за граѓанско учество Civic Engagement Project-Macedonia кој по втор пат го поддржа овој настан, до сите нашите волонтери кои неуморно се вложија во организацијата на “Шарени умови Vol.2” и до нашите пријатели и поддржувачи Универзитетот Американ колеџ Скопје UACS Skopje
Се гледаме набрзо на уште едно забавно дружење со нашите најмили.

“Шарени умови Vol.2” е дел од Нeделата на граѓански организации поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност, организирани во периодот од 18-23 јуни 2018 година низ Република Македонија.

#CSOWeek18