Тимот на АЈНШТАЈН со задоволство ве поканува на фестивалот “Ден на граѓанските организации“ во организација на Civica Mobilitas

На 14 септември бидете на платото кај старата скопска чаршија / плоштад Скендербег и паркот Ибни Пајко во Скопје и запознајте се одблиску со работата и активностите на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН.
На фестивалот ќе можете да се информирате за најновите услови и придобивки од членството во нашата организација, но и да проверите дали можеби се соочувате со дислексија.

69703593_2909224089303394_8833913138416975872_n

Ова е одлична прилика за нас и останатите граѓански организации да ви го претставиме нашиот придонес во општеството.

Подетални информации околу настанот и сите организации кои ќе учествуваат на фестивалот може да добиете тука.

70094099_2911554949070308_2067888622580793344_n