По успешната реализација на низа од информативни семинари за дислексија и на барање на голем број заинтересирани граѓани на 16-ти ноември го реализиравме првиот практичен семинар за дислексија и дискалкулија насловен “Современи методи и алатки при работа со ученици со дислексија и дискалкулија”
Предавач на семинарот беше -ѓа Славица Тасевска Николовска – Единствениот лиценциран тренер за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД по светски познатиот метод на Рон Дејвис од Едукативниот центар за потешкотии во учењето Дислексико.
Истиот беше поделен во два дела и тоа:
Дел 1. ДИСЛЕКСИЈА
👉 Како да ја препознаете дислексијата
👉 Теоријата на Рон дејвис
👉 Практични вежби за помош на деца со дислексија
👉 Совладување на азбуката
👉 Креирање на збор со пластелин
👉 Ментални алатки за обезбедување на фокусираност
👉 Стратегии за читање за деца со дислексија
Дел 2. ДИСКАЛКУЛИЈА
👉 Вовед во дискалкулија
👉 Како да ја препознаете дискалкулијата
👉 Практични вежби за помош на деца со дискалкулија
👉 Основни математички симболи
👉 Основни математички операции
👉 Совладување на таблица за множење
👉 Декаден систем
На семинарот 60 учесници се стекнаа со практични знаења и алатки за да им понудат поддршка на учениците со дислексија и дискалкулија во училиштата и во домашната средина.
Ви благодариме на сите за вашето присуство и покажаниот интерес за нас претставуваше големо задоволство да допринесеме повеќе во надградбата на вашите знаења.
Се гледаме набрзо !