Пишувачки стратегии

Пишувањето е неизбежен дел од секое работно место. Прашањето е колку од вас ќе биде барано да пишувате во текот на работата. Во претходната статија пишувавме за читачките стратегии, и како тие може да ви помогнат во текот на работата. Во оваа статија ќе се осврнеме на стратегиите за пишување.

  1. Стратегија на организирање на мислите

Пишувањето на извештај од вас бара мултитаскинг  нешто во што голем број од дислексичарите имаат проблем. Не само што мислите морате да ги пренесете на хартија туку тука се бара почитување на граматика, интерпункција и разбирлив ракопис. За да го избегнете хаосот кој најверојатно ќе се случи во текот на пишувањето, потребно е пред да започнете со пишување да се организирате и да направите план.

  • Знам што сакам да кажам: Можеби звучи очигледно и јасно, но нека ви биде кристално јасна пораката што сакате да ја пренесете во пишана форма. За пишување на писмо најверојатно има една порака кој треба да се пренесе. Кога станува збор на пример за пишување на обемен извештај имате повеќе пораки кои треба да ги пренесете. Токму затоа поделете ги мислите во што помали и помали делови, а потоа на секој мал дел дадете му цел и започнете со пишување дел по дел.
  • Размислете за главните идеи: Направете листа од главните поенти/точки кои сакате да ги пренесете. Нумерирајте ги според важноста, и така нумерирани користете ги за да го напишете документот.

Секогаш кога тоа е возможно користете тивко место за работа , со цел да не ја изгубите концентрацијата и фокусот од останатите звуци кои ви пречат.

  1. Стратегија за прибирање на забелешки од состаноци

Прибирањето на забелешки знае многу често да биде вистински предизвик. Треба да комбинирате слушање, разбирање и пишување.  Најубаво би било на состанокот да побарате дозвола за истиот да го снимате со помош на вашиот телефон. Ова е уште еден од начините каде што смарт телефоните може да помогнат.

Бидејќи дислексичарите во најголем дел имаат проблем со брзината на пишување, веројатно нема да успеете се што е кажано да запишете. Корисен совет би бил да ги запишувате само клучните поими, односно поимот кој што ќе ве асоцира на кажаната работа. Со цел да не се изгубите во низата на напишани поими, веднаш по состанокот седнете и за секој поим напишете краток параграф додека меморијата од состанокот е се уште свежа и јасна.

  1. Стратегија – Корнел метод за прибирање на забелешки

Доколку не ви дозволат да го снимате состанокот што не би било чудно, или доколку не сте во можност да користите асистивна технологија, обидете се со Корнел методот на фаќање прибелешки.

Поделете ја страната на три дела: тесна колона од левата страна на страната, широка колона од десната страна и едно поле  на дното на страницата.

Идејата е да се направи најголемиот дел од белешките да се запишат во широката колона односно на десната  страна . Сите тригер или нејасни зборови да се запишат на левата страна. Кога двете колони ќе се наполнат, од веќе напишаното во колоните составете кратко резиме на долниот дел од страната.

Овој метод помага за полесно користење на забелешките понатаму. Нема да мора целосно да ги препрочитувате сите забелешки за да ја најдете главната работа или поента туку едноставно ќе го погледнете само краткото резиме.

647723580a2ebef1704f7f0c6349b8f2

(Пример: Корнел метод за фаќање забелешки)

Меморирачки стратегии

Дислексирачите најчесто имаат проблеми со краткотрајната меморија. Најлесна и едноствна стратегија за меморирање е токму концептот на мапирање.з

  1. Концепт на мапирање

Постојат високо ефективни стратегии кои овозможуваат дислексичните вработени да ја претпочитаат својата пишана работа и да ги надминат нивните потешкотии во краткотрајното меморирање. Оваа техника се нарекува Концепт на мапирање и е сличен на Умственото мапирање.

Концептот на мапирање овозможува дислексичарите да ги откријат несогласувањата информации на случаен начин, а потоа да се реорганизираат во кохерентен дел од писмената работа.

  • Што всушност е концепт мапирањето?

Земањето на прибелешки е линеарен процес, кој понекогаш претставува проблем за дислексичарите. Концепт мапирањето е мулти-сензорен и визуелен начин за земање на прибелешки  кој го помага начинот на кој лицето со дислексија гледа и ги забележува информациите. Мулти-сензрен е затоа што се користат различни бои. Колку повеќе бои се користат толку подобро. Исто така се користат доста форми, цртежи и симболи.

Како всушност изгледаат концепт мапите? Најопшто земено концепт мапите изгледаат како многу мисли содржани во меурчиња кои ги поврзуваат линии. И секако меурчињата не значи дека мора да се меурчиња туку можат да бидат во било која форма. Линиите кои што ќе ги поврзуваат меурчињата може да бидат во било која боја. Целта е сличните мисли да ги поврзете со иста или слична боја или форма.

  • Креирање на концепт мапа

Ова може да биде наједноставно или најкомплицирано во зависност од вас. За да направите целосна концепт мапа потребно ви е?

  1. Голем лист хартија
  2. Маркери во боја
  3. Може да користите како алтернатива и стикери на кои ќе може да пишувате.
  • Да започнеме

За да почнеме на средината на листот напишете ја главната идеја. На пример доколку правите документ за евакуација при пожар, ќе напишете “Евакуација” на средината од страната.

Сега размислете што се ве асоцира на евакуација. Секоја асоцијација напишете ја во посебно поле. На пример “Против пожарен апарат”, “Пожарна”, “Брза помош”, “Излези за евакуација” и сл.

Веќе сте подготвени да навлезете во деталите. Одберете едно меурче и размислете за повеќе идеи кои се поврзани со терминот кој што е напишан во меурчето. На пример го одбирате меурчето “Излези за евакуација” на ова меурче додадете посебни меурчиња кои ќе се поврзуваат . Од кога ќе ги напишете сите поврзани работи со тоа меурче, преминете на другото и така додека не ги завршите сите.

Не грижете се што концепт мапите изгледаат можеби хаотично ,но тоа не е страшно. Поентата е да ги организирате мислите на начин што ќе успеете сите да ги поврзете меѓу себе.

es_05_fig002_v2

(Пример: Концепт на мапирање)