Здружението за дислексија “АЈНШТАЈН” на 30-ти март ја организираше конференцијата “Дислексијата (не)препознаена од институциите” во конференциската сала на ресторанот Воденица. Целта на конференцијата беше подигнување на свеста кај државните власти за дислексијата како специфична состојба која предизвикува потешкотии во учењето и овозможување на дијалог со властите за започнување на процеси кои ќе водат кон создавање на инклузивно општество за учениците со дислексија.

Свои обраќања на конференцијата имаа:

• Назиктере Сулејмани – Државен советник Министерство за образование и наука

• Др. Наташа Анѓелеска – Постар програмски координатор во Фондација Отворено општество Македонија

• Др.Сц. Силвана Филипова – Директор на Завод за рехабилитација на слух говор и глас

• Проф. Др. Александра Каровска Ристовска – Институт за дефектологија при УКИМ

• Славица Тасевска Николовска – Лиценциран тренер за дислексија по методот на Рон Дејвис

• Катерина Николовска – Лиценциран тренер за дислексија по Ортон Глингам методот

• Дамјан Николовски – Претседател Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

Се надеваме дека успеавме да ја отвориме портата кон институционализација на дислексијата во Република Македонија.

FOOM logo new 2011-01                                                                                                          Untitled

Проектот “Инклузивни образовани политики за учениците со дислексија” е финасиран од Фондација Отворено општество – Македонија Со почит, Здружение за дислексија АЈНШТАЈН