Кристиан Боер созаде посебен фонт кој го помага читањето на лицата со дислексија. Истиот може и бесплатно да се превеземе на интернет и на многу дислексичари им има помогнато.

Ние луѓето кои што имаме дислексија кога читаме, буквите во нашиот ум несвесно се превртуваат, ги гледаме обратно односно огледално , а многу често знаат да исчезнат или пак да “играат” низ страните. Традиционалните фонтови уште повеќе ја влошуваат ситуацијата бидејќи дизајнот на поединечните букви се потпира на останатите, но и многу често фонтовите се направени од естетски причини. Дислексичарите таквите букви ги гледаат исто и навистина тоа им претставува проблем во читањето. Вака Боер ја започнува својата дислексична приказна.

Тој се бори со дислексијата целиот свој живот. Како дипломски труд на ликовната академија во Утрихт создал нов адекватен фонт за дислексичари и го нарекол DYSLEXIE. Се решил на овој чекор поради испит кој што не можел долго време да го положи, а премногу учел за истиот.

Неговиот фонт набрзо станува хит во светот, особено помеѓу оние кои што имаат потешкотии во читањето и пишувањето. За својот дипломски труд добил многу награди.

Која е специфичноста на овој фонт кој веќе одушеви многу луѓе и им помогна во секојдневната борба со буквите на листовите и екраните ?

За почеток, секоја буква е индивидуализирана. Односно Боер направил минимални измени во дизајнот на секоја буква со што ги направил попрепознатливи. Целта е да се смали сличноста на некои зборови, како што се “б” и “д” или “н” и “х” (на латинично писмо). Тој работел на зголемување на асиметријата, смалување на тежината на некои букви, на продолжување на цртичките на самите букви, поголема заобленост и слично.

Па така кај DYSLEXIE фонтот буквите “б” и “д” не се свртени огледално, туку и двете имаат индивидуални специфичности. Зголемено е исто така и растојанието помеѓу буквите, но и помеѓу самите зборови со што полесно би се препознале.

Боер исто така тврди дека најдобра боја за овој фонт е темно-плавата бидејќи е најпријатна за очите во текот на читањето.  Освен што овој фонт можете да го преземете бесплатно, тој може да се користи во сите програми каде што има пишување, но може да се инсталира и на вашата е-пошта и интернет пребарувач.

DYSLEXIE го користат на повеќе универзитети и истражувачи, со цел да го испитаат влијанието на овој фонт врз подобрувањето на читањето и препознавањето на зборовите кај дислексичарите.

За жал овој фонт не е достапен за кирилично писмо, но се надеваме дека за брзо време истиот ќе биде создаден.