Здружението за дислексија АЈНШТАЈН со партнерсите организации Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикепм ретки болести и посебни потреби ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА и Здружението на студенти по психологија Психеско во период од јуни 2015 година до јуни 2016 година го релизираше проектот “Фокус на дислексија”.

Една од целите на проектот беше да се спроведе истражување за запознаеноста на наставниот кадар со дислексијата како специфична состојба која предизвикува потешкотии во учењето. Целна група на истражувањето беа одделенските наставници од Општина Центар, Општина Струмица и Општина Чаир.

Целосниот извештај од спроведеното истражување и анализата на податоците може да ги најдете Тука – Финална анализа од истражување

usaid-logo-1024x312                                13445916_1288120491206065_1212191508_o(1)

Ова истражување е овозможено со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Содржината на инстражувањето е одговорност на авторите и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.