Здружението Ајнштајн ја имаше честа да ја организира јавната трибина на тема “Како технологиите влијаат врз развојот на децата”, која се одржа на 28ми јуни. На оваа трибина, во пријатна атмосфера, ги слушнавме мислењата и искуствата од пракса на неколку истакнати експерти за влијанието на современите технологии врз развојот на децата. Ни претставува особена чест што трибината ја отворија првата дама на Република Северна Македонија проф. д-р Елизабета Ѓорѓиевска и Градоначалникот на општина Карпош г-дин Стефан Богоев.

Свои говори на оваа трибина имаа:

Проф. д-р. Славица Арсова психијатар – Универзитетска клиника за психијатрија,

Д-р. сц. Силвана Филипова логопед – Директорка на Заводот за рехабилитација на слух говор и глас,

Татјана Алексиќ – Професор по Македонски јазик и литература во СУГС “Раде Јовчевски Корчагин”,

Проф. д-р. Оливера Рашиќ Цаневска – Институт за специјална едукација и рехабилитација при УКИМ,

М-р Бранка Бугариска – Директорка на издаваштво во “Арс Ламина”,

Бојана Стојменовиќ – психолог Основач на “Мој психолог” и

Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми.

Ви благодариме на огромната заинтересираност и посетеност!

Фотографија: Дарја Николовска

Untitled

Оваа јавна трибина се одржа како дел од проектот “Вклучи внимание” реализиран од Здружението “Ајнштајн” во партнерство со Арс Ламина кој е дел од проектот “Правна помош за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации” финансиран од Европската унија.