Семинарот “Пристап до Генерација Z и генерација ALPHA” се одржа на 14.10.2017 година на Филозофскиот факултет во организација на Здружението за дислексија Ајнштајн и Brain Genius Kids. Имено, семинарот беше пропратен со пет успешни предавачи во своите области: Д-р Стеван Несторов – доктор по дефектолошки науки, Србија, Белград, Проф. Д-р Орхидеја Шурбановска – Институт за психологија при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Д-р Виолета Несторов – доктор по дефектолошки науки, Србија, Белград, Проф. Д-р Виолета Арнаудова – Институт за психологија при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” и Наде Молеровиќ – Мотивациски говорник, професор по историја и директор на ООУ “Гоце Делчев” Скопје. Ни претставуваше задоволство да допринесеме повеќе во надградбата на вашите знаења. Се гледаме набрзо !