Почитувани,

Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во соработка со Здружението Brain Genius Kids ја имаат честа да ве поканат на првиот едукативен семинар „Пристап до генерација Z и генерација ALPHA” – низ современи педагошки, психолошки и дефектолошки применливи иновации .
На овој едукативен семинар ќе бидат претставени применливи алатки кои наставниот ќе може да ги применува во секојденевната пракса.
Свои предавања на семинарот ќе имаат веќе истакнати имиња од повеќе области меѓу кои:
1. Д-р. Виолета Несторов, доктор по дефектолошки науки – Белград, Р.Србија
• Тема: Непрепознаена дислексија и дисграфија како можни причини за слаб успех во училиште
2. Д-р. Стеван Несторов доктор по дефектолошки науки – Белград,Р.Србија
• Тема: Поддршка на децата со аутизам во образовниот систем – искуства од Шведска и Финска
3. Проф. Д-р. Орхидеја Шурбановска – Институт за психологија при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”
• Тема: Како да ја зголемите мотивацијата за учење кај учениците
4. Наде Молеровиќ, мотивациски говорник и проф.по историја , директор на ООУ ”Гоце Делчев” Скопје
• Тема: Образованието е моќ да се вреднува животот
5. Проф. Д-р. Виолета Арнаудова – Институт за психологија при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”
• Тема: Како да ја деблокирате креативноста кај учениците

Семинарот е наменет за сите наставници, психолози, родители, предагози, дефектолози , но и за сите заинтересирани лица.

Котизацијата за семинарот изнесува 1200 денари и по завршување на семинарот сите учесници ќе добијат сертификат.

Сите заинтересирани учесници може да се пријават преку следниот линк https://form.jotformeu.com/72705519798370#1

За подетални информации може да се обратите на 078 296 885

21414902_1462278417161139_1237309510300761849_o