Генерални стратегии за поддшка на учениците со дислексија во училницата

 

Стратегија

Зошто е тоа потребно ?

Применувајте мултисензорни стратегии при учење на буквите од азбуката.

Нека учениците ги формираат буквите од пластелин.

Нека ги испишуваат во воздух , пред нив.

Дајте им инструкција да ја замислат буквата со затворени очи, потоа нека ја напишат во тетратката

Нека секое дете ја испише буквата со движење на прстот на грбот на другарчето.

Оваа стратегија со која дислексичните ученици лесно ќе ги научат буквите e исто така е корисна и за сите останати ученици.

Објаснете им на сите ученици зошто е важно читањето и пишувањето на начин прифатлив за нив. Објаснете им дека буквите се симболи и кога ќе се наредат по одреден редослед претставуваат збор кој има свое значење. Поттикнете ги во исто време да го визуелизираат значењето на зборот и како тој се пишува.

 

На учениците со дислексија секогаш им е потребно да ја знаат суштината зошто нешто учат или работат. Тие размислуваат доминантно со слики , наспроти другите ученици кои размислуваат доминантно со зборови. Тие размислуваат со значењето на зборот – треба да создадат слика за она што ќе го прочитаат, додека останатите размислуваат со звучноста на зборот.
На почетокот на часот  дадете  краток преглед за она што следува како активност или краток преглед на лекцијата која ќе се предава.Исто така, многу корисно е на крајот од часот да се повторат најважните делови од лекцијата која ја предавал наставникот На овој начин на информирање поголема е  веројатност  информациите да  преминат  од краткорочна меморија во долгорочна меморија. За ученик со дислексија е многу важно да ја добие големата слика односно суштината на лекцијата пред да се отпочне со деталите од градивото.
Никогаш не ги споредувајте учениците Секој ученик има свои предности и слабости.

Поради своите слабости при вештините со читање и пишување, дете со дислексија лесно ќе ја изгуби самодовербата ако го споредувате со други.

 

Задачите за домашна работа секогаш треба да бидат запишани и да стојат доволно долго на таблата. Вербалните инструкции може да не бидат запомнети или запишани од страна на ученик со дислексија.

 

Ученикот кој има дислексија треба да седи во клупата која е најблиску до наставникот На овој начин наставникот може да ја набљудува работата на ученикот одблиску и навремено да му пружи поддршка .
Кога пишувате на табла, водете сметка за растојанието меѓу зборовите .

 

Визуелната перцепција е нарушена кај учениците со дислексија па тие често не можат да препознаат каде почнува и каде завршува зборот.
На ученикот не треба да му биде зададена задача да чита текст кој бара поголеми вештини од тие што ученикот ги има стекнато Мотивацијата е многу поголема доколку барањата не се високи . На тој начин ученикот ќе чита со задоволство. Ако ученикот премногу се труди околу секој следен збор што треба да го прочита, тој ќе го заборави значењето на она што е веќе прочитано.
На ученикот не треба да му се задава задача со која треба да чита на глас пред соучениците. Доколку ученикот наиде на потсмевање од соучениците додека чита, тоа во голема мера ќе ја наруши неговата самодоверба.
Проверете дали ученикот има непознати зборови од текстот што го чита. Објаснете ги тие зборови многу трпеливо. Пофалете го ученикот за искреноста и за поставеното прашање. Учениците со дислексија  често пати знаат да бидат дезориентирани кога ќе наидат на непознат збор. Читањето после тој збор станува отежнато.
Оценувајте го и вложениот труд а не само резултатот. Учениците со дислексија трошат многу повеќе енергија при учењето. Тие го даваат максимумот од себе , за што треба да бидат наградени. Вакви постапки дополнително ќе го мотивираат.
Проверете го знаењето на ученикот со поставување на прашања доколку забележите дека неможе да ги изрази своите знаења во пишана форма. Често пати на овие ученици им е тешко да го изразат знаењето по писмен пат или да ги раскажат четивата по одреден редослед.

 

Никогаш не ги потенцирајте грешките со црвено пенкало Нема поголема болка за ученик со дислексија кога ќе му се врати тест прекриен со црвено мастило, во услови кога тој вложил повеќе труд од своите соученици за да го одговори тестот.

 

Пишувајте   јасни , прецизни  и кратки инструкции. Учениците со дислексија можат многу лесно да се “ изгубат во мноштвото од зборови“ и при тоа да се дезориентираат и да не запомнат ништо од кажаното.
Направете проверка дали ученикот ја разбрал инструкцијата. Охрабрете го ученикот со свои зборови да ви каже дали го разбрал вашето барање.

Набљудувајте дали, на пример:ја отвора книгата на страница 36 и дали почнува да ги заокружува сврзниците, како шт сте ја задале инструкцијата Понудете му помош доколку забележите дека не е сигурен.

Доколку сте во можност обезбедете копија од предавањето што ќе му ја дадете на ученикот дома.

Редуцирајте го препишувањето од табла.

Доколку тоа е неопходно тогаш обележете го секој ред со креда со различна боја така што следењето ќе биде полесно.

Визуелното следење на редовите во текстовите или на табла честопати бара голем напор од ученикот. Различните бои на редовите им ја олеснува работата.
При презентација на материјалот користете илустрации, графикони или видео материјали  додека го предавате градивото. Дислексичните ученици создаваат асоцијации преку илустрациите и полесно учат. Всушност, ова е корисно и за учениците кои немаат дислексични тешкотии
 

Обележете ги чекорите од инструкциите со точки со различна боја и во засебен ред.

 

Пример :

  • За домашна задача :
  • На страна 25
  • Момчето и виолината
  • Заокружи ги сите придавки
 

 

Спречете ги надворешните вознемирувачки фактори

Често пати учениците со дислексија се вознемируваат и се дезориентираат кога ќе видат поголем обем на зададени задачи. Ова особено се случува при писмена проверка на знаењата. Сугерирајте му на ученикот да ги покрива со лист бела хартија прашањата кои не ги одговара во моментот.

Една од можностите е да подготвите тестови со повеќе страници за овие ученици со по едно прашање на нив.

Обезбедете мирна атмосфера во училницата Некои учениците со дислексија ги перципираат сите звуци подеднакво. Звуците во позадина не им дозволуваат да се фокусираат на она што го зборува наставникот. Огромен е напорот што го вложуваат за да ги разграничат звуците
Кога сакате нешто да му појасните на ученикот, седнете на клупата покрај него, наместо да седите на катедра или да стоите. Секогаш забелешките нека бидат со позитивна конотација. На пример:  ова е добро, но ти секогаш покажуваш дека можеш уште подобро . На овој начин ученикот ќе се чувствува псигурен и ќе почувствува дека наставникот го разбира и искрено сака да му помогне.
Секогаш пофалете го ученикот со дислексија кога ќе даде точен одговор или вложил труд за некоја зададена задача. Пофалбата е основна алатка за подигнување на мотивацијата  и самодовербата на учениците со дислексија.
Потенцирајте ги силните страни на ученикот со дислексија наместо тешкотиите.

Дислексијата со себе носи и многу дарби и предности како што се креативноста, интуицијата, решавање на проблеми и критичко размислување, живописна имагинација и способност да се види суштинското значење на  работите. За дислексичарите карактеристично е да ја гледаат големата слика наместо деталите. Со ваквиот пристап дополнително ќе ја зголемите мотивацијата .