Со гордост ви претставуваме дел од атмосферата на завршната конференција од проектот “Инфо ѕид за дислексија” финансиран преку проектот на УСАИД за граѓанско учество Civic Engagement Project-Macedonia.

На конференцијата свои обраќања имаа:

Дамјан Николовски – Проектен менаџер на проектот

Ана Дракиќ – Директорка на проектот на УСАИД за граѓанско учество

Билјана Мицевска Јосифовска – Советник во кабинетот на министерката за образование

Проф. Д-р Орхидеја Шурбановска – Институт за психологија при УКИМ

Гордана Спиридонова – училиштен психолог во СУГС Никола Карев

Славица Тасевска Николовска – лиценциран тренер за дислексија и родител на дете со дислексија

Како што соопшти советничката во Бирото за развој на образованието м-р Снажнана Трпевска оваа конференција преставува крај на еден нов почеток во кој што институциите ќе заземаат посериозни чекори во унапредувањето на образовните процеси за учениците со дислексија.

usaid                                                            novo logo (3)

Проектот “Инфо Ѕид за дислексија” е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на проектот на УСАИД за Граѓанско учество.