Како дел од проектот “Не сум чуден, само имам дислексија” се спроведе теренско истражување во училиштата во четири Скопски општини.

Истражувањето се спроведе со цел да се утврди запознаеноста на одделенските наставници со дислексијата, по започнувањето на активностите од страна на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Истражувањето се спроведе во 32 основни училишта од Општините Карпош, Аеродром, Кисела вода и Центар, а во истото беа вклучени вкупно 614 одделнски наставници.

Спроведеното истражување покажа дека знаењето на наставниците во однос на темата е зголемено за разлика од 2015 година, но на не доволно високо ниво, што допринесува до неадекватни и неинклуизвни образовни услови за ученицие со дислексија. Од истражување се донесоа следните заклучоци:

  • Во периодот од 2015 до 2018 година зголемен е бројот на наставници што стекнале основни познавања за дислексијата. Сепак е голем бројот на одделенски наставници кои немаат познавања за оваа состојба.
  • Голем дел од наставниците сметаат дека им се потребни поопширни знаења за дислексијата и посебен методолошки пристап кон подучување на учениците со тешкотии во читање и пишување.
  • Мал е бројот на наставници кои се информирани за дислексијата од страна на психолозите, педагозите и дефектолозите од училиштата.

Здружението АЈНШТАЈН врз основа на добиените податоци ги даде следните препораки до националните и локалните власти:

  • Локалната самоуправа да обезбеди обуки за наставниците кои не посетувале семинари за дислексија.
  • Потребна е обука на наставниците за проширување на знаењата и запознавање со специфичните техники за поддршка на ученици со дислексија.
  • Потребни се обуки за психолозите, педагозите и дефектолозите со што би се обезбедила поддршка за наставниците кои подучуваат ученици со дислексија.

Целосните податоци од истражувањето може да ги погледнете на линковите подолу:

  1. Извештај Општина Аеродром
  2. Извештај Општина Центар
  3. Извештај Општина Карпош
  4. Извештај Општина Кисела вода

flag_yellow_low       eu za tebe   Logo           novo logo (3)

Ова истражување е подготвено во рамките на проектот „Не сум чуден, само имам дислексија!“. Проектот е финансиран од Европската Унија и Граѓанската асоцијација МОСТ. Содржината на материјалот е единствена одговорност на Здружението за дислексија „АЈНШТАЈН“ и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија и Граѓанската асоцијација МОСТ.