Проектот “Знаете ли што е дислексија? Vol.3” претставува продолжение на претходните три проекти кои ги спроведе Здружението Ајнштајн со финансиска поддршка на Град Скопје. Бидејќи на територијата на Град Скопје нема направени целосни истражувања за степенот на застапеност на дислексијата помеѓу средношколците се јави потребата за изготвување на целосна анализа од сите средни училишта. Преку овој проект тимот на здружението заедно со помош на стручни лица за дислексија ги информираше средношколците за симптомите на дислексијата преку спроведување на едукативни презентации. Покрај едукативните презентации тимот на здружението спроведе и истражување во четири средни училишта во Град Скопје СУГС ”Васил Антевски Дрен’ , СУГС “Владо Тасевски”, СУГС “Раде Јовчевски Корчагин”, СУГС “Михајло Пупин” и во СУГС “Димитар Влахов” каде што се добија податоци за степенот на застапеност на дислексијата. Целта на овој проект беше да се подигне јавната свест кај средношколците и да се наведат начини за како може да се справат лицата со оваа тешкотија.

Низ спроведеното истражување во гимназијата “Раде Јовчевски Корчагин” добивме резултати каде што застапеноста на знаци за дислексија кај учениците од трета година е 4% додека кај 96% од учениците не се покажаа знаци за дислексија. Во средното училиште “Владо Тасевски” кај 11% од учениците од трета година се покажаа знаци на застапеност на дислексија, додека пак во средното училиште “Васил Антевски Дрен”  застапеноста на дислексија беше видена кај 9% од учениците. Истражувањето се спроведе уште и во две средни училишта. Во средното училиште “Михајло Пупин” кај 13% од учениците беа видени знаци на застапеност на дислексија, додека пак во средното училиште “Димитар Влахов” 12% од учениците покажуваа знаци на застапеност на состојбата дислексија. Со ова истражување се потврдува претпоставката дека е можно дислексијата во нашите училишта да е застапена кај повеќе од 13 % од учениците. Низ спроведеното истражување увидовме дека е неопходна поголема посветеност на дислексијата како присутна состојба кај населението. Со оглед на фактот дека ова е четврто истражување од ваков тип во Република Македонија, може да послужи како показател дека дислексијата е присутна кај учениците во средните училишта можеби и повеќе отколку што покажуваат истражувањата во соседните земји.

Целосната анализа од истражувањето може да ја преземете тука