Во рамки на проектот „Инфо-ѕид за дислексија“ се спроведе првото истражување за застапеноста на дислексијата помеѓу средношколската популација во Република Македонија.

За остварување на истражувањето беше подготвен првиот тест за проценка на дислексија, наменет за учениците од средните училишта во нашата земја. Првиот инструмент за проценка на дислексијата во Република Македонија беше подготвен од експертите Славица Тасевска Николовска – лиценциран тренер за дислексија и Проф. Д-р Орхидеја Шурбановска – Институт за психологија при УКИМ.

Во истражувањето беа вклучени ученици од I година средно образование (15 – 16 годишна возраст) од 8 плански региони во Република Македонија. Анонимноста на учениците беше задржана во текот на целото истражување и во истражувањето беа опфатени учениците 15 средни училишта во Република Македонија.

Вкупно беа испитани 2328 ученици, од кои 1178 машки и 1150 женски ученици. Од испитаните ученици 1757 беа Македонци, 571 ученици Албанци.

Целосната анализа од истражувањето може да ја погледнете тука или да ја преземете во ПДФ* формат Извештај од истражување за застапеност на дислексијата

 

usaid                                               novo logo (3)

Проектот “Инфо Ѕид за дислексија” е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на проектот на УСАИД за Граѓанско учество. Содржината е одговорност на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН, и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен Развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.