Здружението за дислексија АЈНШТАЈН Скопје и Град Скопје на потпишаа договор за реализација на Проектот “Дислексијата е друг збор за дарба” со што и се започна реализацијата на самиот проект.

Главна цел на проектот е спроведување на истражување за тоа колку дислексијата е застапена во три средни училишта од територијата на Град Скопје поточно  С.У.Г.С ПАНЧЕ АРСОВСКИ, С.У.Г.С ГЕОРГИ ДИМИТРОВ И С.У.Г.С ШАИП ЈУСУФ.

Анализата од истражувањето можете да ја погледнете  Тука – Извештај од спроведено истражување 2017

ТЕМА : Застапеност на дислексијата помеѓу средношколците од  С.У.Г.С ЈОСИП БРОЗ ТИТО, С.У.Г.С ОРЦЕ НИКОЛОВ и С.У.Г.С МАРИЈА КИРИ СКЛОДОВСКА

ВИД НА ИСТРАЖУВАЊЕ : Анкетни прашалници

ЦЕЛНА ГРУПА : Учениците  од 1-ва и 2-ра , 3-та и 4-та година од  С.У.Г.С ЈОСИП БРОЗ ТИТО, С.У.Г.С ОРЦЕ НИКОЛОВ и С.У.Г.С МАРИЈА КИРИ СКЛОДОВСКА

ВКУПЕН БРОЈ НА ОДГОВОРЕНИ ПРАШАЛНИЦИ : 1423

ВКУПЕН БРОЈ НА ПОНИШТЕНИ ПРАШАЛНИЦИ : 28

Дислексија е специфична потешкотија при читање и пишување во услови на  вообичаени методи на учење кои се применуваат во образовниот систем и при просечни или надпросечни интелектуални способности. Во нашиот систем на образование дислексијата не е евидентирана како присутна потешкотија кај одреден број на ученици. Во Република Македонија досега не се направени истражувања за бројот на лица кои страдаат од дислексија, но истражувањата во развиените земји покажуваат дека во англиското говорно подрачје дислексијата е застапена кај 15 % од луѓето а во словенското говорно подрачје кај 10 % до 15 %. Словенските јазици се транспарентни јазици поради што и процентот на застапеност на дислексијата е понизок.

Целта на анкетата беше да се добијат податоци за застапеноста на дислексијата помеѓу средношколците од наведените две училишта со цел понатамошно дејствување на полето на дислексијата во Република Македонија .