Како дел од проектот “Инклузивни образовни политики за учениците со дислексија” се изготви компаративна анализа на правните рамки кои ја регулираат дислексијата во Обединетото кралство, Република Хрватска и Република Македонија. Анализата беше подготвена во форма на извештај со наслов “Дислексијата (не) препознаена од институциите” кој беше доставен до државните институции кои се задолжени за креирањето на образовните услови во нашата држава.

Извештајот може да го погледнете тука или пак да го преземете во ПДФ* формат преку следниот линк Извештај “Дислексијата (не) препознаена од институциите” .

Автори на прирачникот се Сања Наумовска – новинар, Дамјан Николовски – Проектен менаџер  и Јана Димитриевска – Проектен асистент.

FOOM logo new 2011-01                                                                  Untitled

Проектот “Инклузивни образовни политики за учениците со дислексија” е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината на овој извештај е единствена одговорност на авторите и на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.