Откажани или поместени проекти, недостаток на финасии, и неможност на завршување на тековни обврски се дел од предизвиците со кои се соочува невладиниот сектор за време на пандемијата КОВИД-19!

Извештајот за состојбата на младинскиот граѓански сектор во време на оваа глобална панемија e подготвен и може да го погледнете на следниот линк 👉 https://bit.ly/3b5sKAP

⬇️ Како дел од препораките и мерките за вклучување на овој сектор во време на кризи може да издвоиме:

✔️ Воведување на ваучери за младински организации и организации за млади;
✔️ Обезбедување фондови за проекти насочени кон младите;
✔️ Субвенционирање на плати и придонеси за вработени во младински организации и организации за млади;
✔️Намалување на персоналниот данок за лица ангажирани во младински организации и организации за млади;
✔️ Обезбедување физички и вуртуелен простор за работа со млади, наменет за младинските организации и организации за млади.

На овој линк може да ја видите и мапата на која се дефинирани сите области во кои работат организациите кои се активни во време на КОВИД -19
➡️ https://bit.ly/34yME4L

Извештајот е подготвен од:
Младиинфо Интернационал &
Лидери за едукација, активизам и развој ЛЕАД