Почитувани,

Наскоро доаѓа големиот кошмар како за учениците така и за голем дел од родителите и наставниците односно ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ. Здружението за дислексија АЈНШТАЈН пред три учебни години успеа да издејствува обезбедување на помошник тестатор за учениците со дислексија. Според законот во Р.М секој кој ќе писмен доказ за одредена состојба на своето дете има законско право да добие помошник тестатор за своето дете. Меѓутоа сите ние сме свесни каква е состојбата со издавањето на потврди постоењето на состојбата дислексија во Република Македонија односно дека најголем дел од учениците кои имаат дислексија или пак некоја од формите на дислексијата немаат никаков писмен доказ или “дијагноза”.

Но тоа не треба да не обесхрабрува. Во досегашното искуство во најголем дел од случаите каде што учениците немаат официјална потврда за дислексија училишта сепак обезбедуваат тестатори. Голем дел од наставниците преку нашето здружение се информираа за дислексијата и не би требало да направат проблем при обезбедувањето на тестатори.

Затоа апелираме до сите родители навремено да ги известат службите во училиштето доколку им е потребна ваква помош за децата.

Доколку некој од вас се соочи со било какви проблеми или препреки во училиштето , можете да се обратите кај нас во здружението и ние ќе направиме се што е во наша моќ да излеземе во пресрет за вашите потреби со цел да им помогнеме на сите деца кои се соочуваат со дислексија.

Однапред би сакале да ве замолиме да се воздржите од било какви коментари и осуди за политичка обоеност на ова известување, бидејќи ова го правиме исклучиво за доброто на учениците со дислексија и потешкотии во учењето.

Со почит

Тимот на Здружение за дислексија АЈНШТАЈН