Почитувани,
Во согласност со препораките и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, Здружението за дислексија АЈНШТАЈН е во поддршка на мерките за превенција и заштита од актуелниот COVID-19 (Корона вирус).
Со цел придржување кон овие мерки, управниот одбор на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН донесе одлука за привремено откажување на сите предвидени семинари, работилници и тренинзи на неопределено време.
Во зависност од одвивањето на ситуацијата, управниот одбор на седницата која ќе се одржи на 25-ти март ќе одлучи дали сите предвидени настани и активности повторно ќе се откажат или ќе бидат одредени нови датуми за нивно одржување.
Во едно, апелираме до сите граѓани да се придржуваат до препораките, бидејќи само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме заедничкото здравје.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН