Здружението Ајнштајн во рамки на проектот “Право на говор НЕ е право на говор на омраза” финансиски поддржан од Фондација отворено општество објавува јавен повик за учество на 20 млади лица на возраст од 20 до 26 години кои што ќе учествуваат на 4 модуларен курс-тренинг поделен во 8 интерактивни тренинзи. Селектирани учесници  ќе бидат обучени за идентификување и спречување на ширењето на говор на омраза преку иновативни алатки и техники од страна на искусни обучувачи. Младите лица кои ќе бидат избрани преку проектот “Право на говор НЕ е право на говор на омраза” ќе бидат поделени во 4 тима каде што  секој тим ќе добие буџет за изработка на кампањи за подигнување на јавната свест за говорот на омраза во износ од 500 USD. По завршување на четирите модули на обука ќе се одржи завршна, јавна презентација на која што секој од тимовите ќе има можност да ја презентира сопствената кампања пред јавноста.

Младите лица кои ќе се пријават на повикот и ќе бидат избрани ќе ги добијат следниве облици на обука:

  1. Запознавање на директен начин со елементите на говор на омраза и заштитените карактеристики на истиот.
  2. Едуцирање на кој начин се врши диференција на говорот на омраза со неговите блиску концепти како дискриминацијата,криминал од одмазда и клевети и навреди.
  3. Тренинзите ќе бидат поделени во 4 модули за говор на омраза врз основа на:
  • Религија, емигрантски статус, национална и етничка припадност
  • Пол,род и сексуална ориентација
  • Ментална или телесна попреченост
  • Класа/Социјално потекло

Опис на менторската поддршка

За да се овозможи младинска ангажираност од избраните учесници ќе се формираат 4 тима од по 5 члена кои во текот на 4 месеци активно ќе работат на процес на изработка на кампањи за подигнување на јавната свест за ширењето говор на омраза врз основа на религија, национално потекло, етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, социјално ниво/класа и врз основа на телесна и ментална попреченост. Тимовите процесот на изработка на кампањите ќе го прават со помош на обучувачите и проектниот тим на Здружението  Ајнштајн. Секој тим ќе има еднакво доделен буџет за изработка на кампањите во износ од 500 USD. Модулите ќе бидат спроведувани од страна на 8 искусни обучувачи во своите области каде што секој обучувач ќе одржи еден тренинг. Поради недоволното познавање на младите лица со правните механизми за заштита од говорот на омраза ќе биде ангажиран доктор по правни науки како фасилитатор на сите 8 тренинзи. Фасилитаторот ќе работи тимски со секој од обучувачите за заедничко изнаоѓање на правни регулативи и заштити за секој модул посебно.

Услови и критериуми за пријавување на повикот

За учество на интерактивните тренинзи ќе биде потребно да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Да се државјани на Република Македонија
  2. Да бидат спремни и да имаат желба за нови искуства
  3. Да се на возраст од 20 до 26 години
  4. Да имаат желба за стекнување на нови знаења и информации во полето на идентификување на говор на омраза
  5. Подготвеност за работа во тим и извршување на работните задачи навремено

Начин на пријавување

Заинтересираните млади лица потребно е да го пополнат образецот за пријавување даден на линкот подолу и да го поднесат најдоцна до 10 Септември 2018 година до 17:00 часот. Селекцијата на учесниците кои што ќе поднесат пријави ќе биде извршена од страна на тимот на Здружението Ајнштајн најдоцна до 15 Септември 2018 година.

За линкот до образецот за пријавување кликнете тука

Сите прашања кои се однесуваат на повикот може да се постават на следнава е-маил адреса: j.dimitrievska@disleksija.org.mk  или на телефонскиот број 078 35 25 30.

 

13445916_1288120491206065_1212191508_o(1)                                                                                                       “LOGO_AJNSTAJN.jpeg”

Проектот “Право на говор НЕ е право на говор на омраза” го спроведува Здружението за дислексија АЈНШТАЈН и истиот е финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија