Здружението за дислексија “АЈНШТАЈН” ја имаше честа да ја реализира првата јавна трибина во Република Македонија за штетното влијание од прекумерното користење на современите технологии врз развојот на децата. Трибината е дел од проектот “Криенка Vs. Таблет” финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија На трибината свои излагања имаа:

1. Проф. Д-р Татјана Стојановска Иванова – Институт за социологија при УКИМ

2. М-р Мира Јовановска – логопед завод за рехабилитација на слух, говор и глас

3. М-р Маја Филиповска – Институт за дефектологија при УКИМ

4. Г-ѓа Ана Попризова – училишен психолог, СУГС Орце Николов

5. Г-ѓа Наде Молеровиќ – Директор, ОУ Гоце Делчев Општина Центар

6. Г-дин Дарко Каевски – Директор на Агенција за млади и спорт

7. М-р Матилда Бајкова – Проф. по Македонски јазик и литература, Спец.за ученици со ПОП во инклузивна училница

8. Проф. Д-р Дејан Спасов – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

Ви благодариме на сите за присуството и покажаниот интерес за оваа важна тема која ги засега сите членови на нашето општество особено нашите најмили.