Јелена Јованова е актер при Македонскиот Народен Театар во Скопје. Таа несебично ја даде својата поддршка за актуелизирањето на дислексијата во Република Македонија.
Јелена е една од најуспешните актерки во Макеоднија и на Балканот. Имаше своја улога во филмот на Анџелина Џоли “Во земјата на крвта и медот” , беше главна улога во Хрватската серија “Тајни”, главна улога во ексклузивната театарска претстава “Чикаго” и една од главните улоги во најновата македонска хумористична серија “Преспав”.