Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во партнерство со Филозофскиот Факултет Скопје , ИТ компанијата Emit Knowledge и со поддршка од издавачката куќа Арс Ламина организираше промоција на првата асистивна технологија за дислексија во нашата држава и воедно се промовираа 40 лесно читливи лектирни изданија прилагодени за учениците со дислексија. Овој настан за сите нас е од особена важност бидејќи заеднички со нашите партнери ги поставивме темелите на асистивната технологија во нашата држава. На настанот свои говори имаа: Проф.д-р Александра Каровска Ристовска – Институт за специјална едукација и рехаблитација при Филозофскиот Факултет Г-дин Марјан Николовски – Споственик на компанијата Emit Knowledge М-р Маја Филиповска – Институт за специјална едукација и рехаблитација при Филозофскиот Факултет Бранка Бугариска – Директорка на издаваштво во Арс Ламина Проф.д-р Маја Геровска – Митев – Продекан за настава и меѓународна соработка на Филозофскиот Факултет Г-дин Дамјан Николовски – Претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН

Проектот “Асистивна технологија за дислексија” финансиран од програмата за грантови на проектот „Промени за одржливост” финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со фондација Аполонија и Центарот за даночна политика

flag_yellow_low