Почитувани,

Здружението за дислексија “АЈНШТАЈН” на 31 октомври ја одржа конференцијата “Дали Македонското општество е подготвено да ги прифати потребите на дислексичарите?”. Конференцијата претставуваше завршна активност од проектот “Транспарентни информации за дислексијата”, а воедно и финален настан од низата активности кои ги организираше Здружението Ајнштајн по повод октомври месецот за подигнување на јавната свест за дислексијата.

На конференцијата свои говори имаа:

  • Славица Николовска – Основач на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН
  • Др.Сц. Силвана Филипова – Директор на Завод за рехабилитација на слух говор и глас
  • М-р. Весна Цековска – Дефектолог во Заводот за ментално здравје на деца и младинци
  • Проф. Др. Орхидеја Шурбановска – Институт за психологија при УКИМ
  • Дамјан Николовски – Претседател Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

Целта на конференцијата беше подигнување на свеста кај државните власти за дислексијата како специфична состојба која предизвикува потешкотии во учењето и овозможување на дијалог со властите за започнување на процеси кои ќе водат кон создавање на инклузивно општество за учениците со дислексија. Голема благодарност до сите говорници и присутни учесници. Се надеваме дека успеавме на граѓаните да им овозможиме транспарентни информации за дислексијата Проектот “Транспарентни информации за дислексијата” финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија .

Со почит,

Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

Конференцијата е дел од проектот “Транспарентни информации за дислексијата”
финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.

13445916_1288120491206065_1212191508_o(1)                                                                       “LOGO_AJNSTAJN.jpeg”