Почитувани,

Здружението за дислексија “АЈНШТАЈН” ја има честа да ве покани на конференцијата “Дали Македонското општество е подготвено да ги прифати потребите на дислексичарите?” која ќе се одржи на 31 октомври 2018 година со почеток од 11 часот во Хотелот Арка .

Конференцијата претставува завршна активност по повод октомври месецот за подигнување на јавната свест за дислексија. Целта на истата е подигнување на свеста кај државните власти за дислексијата како специфична состојба која предизвикува потешкотии во учењето и овозможување на дијалог со властите за започнување на процеси кои ќе водат кон создавање на инклузивно општество за учениците со дислексија.

Свои обраќања на конференцијата ќе имаат:

  • Др.Сц. Силвана Филипова – Директор на Завод за рехабилитација на слух говор и глас
  • Славица Николовска – Основач на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН
  • Проф. Др. Орхидеја Шурбановска – Институт за психологија при УКИМ
  • Дамјан Николовски – Претседател Здружение за дислексија АЈНШТАЈН
  • Претставник на Фондација Отворено општество Македонија
  • Претставник на Заводот за ментално здравје на деца и младинци 

Заинтересираните страни своето присуство треба да го најават тука
или на телефонскиот број 078 296 885 најдоцна до 29.10.2018 година.

Бројот на учесници е ограничен.

Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

 

 

 

Конференцијата е дел од проектот “Транспарентни информации за дислексијата”
финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.

                     13445916_1288120491206065_1212191508_o(1)                                                          “LOGO_AJNSTAJN.jpeg”