Здружението за дислексија Ајнштајн  во соработка со Германскиот јазичен центар и заедно со најмалите ученици, на сите родители, роднини и пријатели им овозможија едно необично доживување под насловот „Мојата бушава азбука/ Mein Affen-ABC”.

На оваа традиционална завршна приредба, сите присутни на имаа можност да ги слушнат нашите најмали учесници како изведуваат песнички на германски јазик, а во исто време придонесуваат кон подигнувањето на јавната свест за дислексијата.

На приредбата настапуваа повеќе од шеесет деца кои се дел од целодневната настава или посетуваат курс во Германскиот јазичен центар и се претставија со девет песни на германски јазик кои испраќаа важни пораки до присутните како тоа колку е важно сите деца во светот да добијат соодветна едукација и да научат да читаат; пораки за стимулација на вербата во големината на човекот во споредба со минливоста и брзиот ритам на живеење; песнички за пролетта; но и убавината на животот, важноста на сегашниот миг, поддршката од вистинските пријатели и делењето на заедничките моменти како императив за смислата на животот!