Драги пријатели, членови и поддржувачи

Германскиот јазичен центар  во соработка со Здружението за дислексија АЈНШТАЈН Ве покануваат на заедничко дружење по повод завршната  приредба  „Мојата бушава азбука”- „Mein Affen-ABC”.

Приредбата ќе се одржи на 1-ви јуни со почеток во 18 часот во Киното Култура,ж.
Нашите најмали ученици за миг ќе не потсетат на предизвиците, успесите и радоста на учениците во образовниот процес, а со тоа и на важноста на нивната поддршката.

Ќе не радува доколку и Вие заедно со нашите најмали ученици бидете дел од овој настан, а со тоа ќе допринесете за подигнување на јавната свест за дислексијата.

Ве очекуваме