Почитувани,

Здружението АЈНШТАЈН ја има честа да ве покани на панел дискусијата: Користењето на мобилните телефони за време на часовите – ДА ИЛИ НЕ?

Целта на оваа панел дискусија е да се вмрежат неколкуте засегнати страни и низ дискусија да се разговара за употребата на мобилните телефони од страна на учениците за време на училишните часови.

Во рамки на проектот е предвидено поставување на т.н. организатори или складери за мобилни телефони со што пред почетокот на училишниот час секој ученик ќе има свој соодветен џеб каде што ќе може да го остави својот мобилен телефон.
Предвидено е организаторите да бидат поставени во сите училници каде што учат учениците од предметна настава на целата територија на Општина Карпош. Токму затоа, како главни панелисти на оваа панел дискусија ќе бидат претставниците од секторот за образование на Општина Карпош.

Сите заинтересирани родители, наставници и граѓани потребно е своето учество да го пријават на следниот линк https://forms.gle/6zj4v5gNQwAjAE1u5

Оваа панел дискусија е дел од проектот “Вклучи Внимание” спроведуван од Здружението “АЈНШТАЈН”, финансиран од Европската Унија и поддржан од Општина Карпош.