Во периодот од јуни до декември 2016 година Здружението за дислексија АЈНШТАЈН  го спроведуваше проектот “Мониторинг на акцискиот за локалната стратегија на општина Центар за развој на образованието за периодот од 2015 до 2017 година” . Реализацијата на овој проект финансиски беше поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија , како дел од активностите на Концептот Општина по мерка на граѓаните.

Целта на мониторингот е утврдување на степенот на успешност во спроведувањето на акцискиот план за развој на образованието во Општина Центар.

Резултатите се добиени преку анализа на анкетни прашалници и интервјуа спроведени на засегнатите страни, односно основните училишта од територијата на Општина Центар, родители на ученици од истите училишта и раководствата во Општина Центар.

Врз основа на направениот мониторинг, може да се издвојат следниве клучни наоди:

  • Најголем дел од наставниците и родителите не се запознаени со акцискиот план
  • Постои поголема потреба од организирање на обуки наменети за работа со деца со посебни потреби и доекипирање на стручните служби
  • Потребна е поголема вклученост на родителите и училиштата во управувањето со образовните процеси во Општина Центар
  • Генералното мислење е дека постои напредок во поглед на унапредувањето на системот за мониторинг на работата на образовниот кадар
  • Акцискиот план е причинител за подобрена синергија помеѓу општината, родителите и училиштата
  • Општината изразува незадоволство од аспект на меѓуинституционалната соработка и реализација на проекти во соработка со бизнис и граѓанскиот сектор
  • Изразито силна е потребата од дијалог со извршната власт од страна на општината во поглед на зголемување на средствата наменети за образование

Целосниот извештај од мониторингот можете да го погледнете тука .